Сè, за вашиот комфорт
Во мотелот на располагање Ви стојат 25 легла, распределени во апартмани, двокреветни и трокреветни соби. Апартманите и собите нудат доволен комфор и пријатна атмосфера.
Секоја соба има засебна бања и тоалет, а телевизија може да гледате на големиот телевизор во ресторанот. Апартманите имаат засебна бања, тоалет и телевизор.
Нема проблеми со водата и струјата, а кога и да посакате да се туширате, бидете сигурни дека ќе има топла вода.
НАШАТА ПОНУДА
ЛЕТНА ПОНУДА
СОБИ
Ноќевање
Појадок
Полн Пансион
АПАРТМАНИ
Ноќевање
Појадок
Полн Пансион
ЗИМСКА ПОНУДА
СОБИ
Ноќевање + Појадок
Полн Пансион
АПАРТМАНИ
Ноќевање + Појадок
Полн Пансион
Уживајте во природните убавини во секое годишно време
Пред мотелот има отворен, дрвен, бунгалов каде што можете да го пиете утринското кафе или пак да вечерате под ѕвезденото небо. Преку ден овде свежиот планински воздух може да Ви биде аперитив пред богатиот ручек.
Ако пак дојдете кај нас во зима, ќе влезете во еден прекрасен, како од бајка, бел свет. Патот секогаш е исчистен, и покрај големиот снег, во собите постојано работи парното греење, во ресторанот праштат камините, а ние сме спремни и Ве очекуваме.