Ресторан
Вкусни Осоговски Специјалитети
Секој наш гост во ресторанот се третира како многу важен клиент и има можност да се наслади на богатите и разнообразни јадења. Сè се приготвува во моментот и според желбите на клиентот.
Не бива да си отидете пред да ги пробате пастрамајлиите, кременадлите, ражнињата, вешалиците… а гревота е да не ги вкусите старите традиционални специјалитети (зелник, боденик, баница) приготвени под вршник, на домашен, автентичен начин.